Новости

Информации за нашето работење

Информации

Најчесто поставувани прашања

Статии

Едукативни информативни статии

За нас

Стоматолошката ординација “д-р Ивица Луканоски” е основана далечната 2002 год .од тогаш до денес постојано се надградуваме и инвестираме како во нашето знаење така и во современа опрема и материјали , развивајки се во ординација која сосвојот љубезен персонал и стручна подготвеност ке ви пружи врвна грижа и стоматолошки сервис. Од 01.06.2005 година склучивме договор со Фондот за здравствено осигурување на Р. Македонија. Довербата за матичен стоматолог ни ја имаат доверено повеќе од 6000 пациенти и нивните семејства.

Денес во нашата ординација работат четири тима на матишни стоматолози кои ке ви пружат врвна услуга по заштитени цени кои се пропишани од ФЗОМ. Во услуги на Фондот спаѓаат интервенции од примарната стоматолошка заштита:

  • контролни превентивни прегледи (совети консултации)
  • пломбирање на заби како и нивно лекување (ендодонтски третман)
  • вадење на заби
  • одржување орална хигиена (чистење забен камен и меки наслаги)
  • егзогена флуор профилакса и залевање на фисури (кај деца).

Со развојот на модерната стоматологија се развиваме во ординација која ги прати сите најнови и најсовремени трендови во стоматологијата. Со знаењата стекнати преку многубројни курсеви, семинари, конгреси, меѓународни симпозиуми и размена на искуства со други колеги од земјата и странство им овозможуваме на пациентите да добијат услуги по највисоките стандарди со најсовремена апаратура и материјали од познати светски брендови.

Посебно внимание посветуваме на протетските изработки . Функционалноста и естетиката на забите на нашите пациенти се примат во нашата работа .Водејки се по ова мото единствена цел ни е ве направиме посреќни и со поубава насмевка. Соработуваме со најсовремените заботехнички лаборатории во Р.Македонија како и современи лабаратории од соседството кои ни овозможуваат да постигнеме вистинка уметност во стоматологијата.

Ги изработуваме сите протетски конструкции и тоа:

  • Порцелански коронки и мостови
  • без метална керамика м-press, Е макс
  • Кад-кам циркониум (безметална комјутерска изработка)
  • Адоро / метал композитни коронки
  • Визил протези класични и со копчиња
  • Безметален визил
  • Флексибилни протези (меки и еластични) без жици
  • Класични акрилатни протези
  • Импланти и протетски изработки на импланти.

За сите протетски изработки добивате писмена гаранција за квалитетот од 3 или 5 години во зависност од изборот на материјалите кои се вградени при изработката.

Нашите вредности

Нашите клиенти пред се

Основната вредност на нaшето работење е посебниот третман, професионалноста и грижата коа ја добиваат нашите клиенти.

Употреба на врвна технологија

Современата технологија која се употребува во нашето работење е предуслов за квалитетна и професионална услугa.

Секој клиент има посебен третман

Чувството на сигурност и грижата за нашите клиенти е наш приоритет преку кој се заснова довербатa.

Долгогодишно искуство

Нашиот тим го сочинуваат доктори со докажана експертиза и интегритет во нивното работење.

години
искуство
посетени
конференции
насмеани
клиенти