Сите деца се раѓаат со убави и бели заби, но со употребата на силно обоена храна, пијалоци, пушење, лоша хигена, употреба на антибиотици, јоницирачко зрачење, наследни фактори, траума на забите и друго, површината на забите се пребојува. Со тек на време ова пребојување продира и подлабоко во забите и тие ја менуваат својата првобитна боја. Пребоените заби се вистински естетски проблем кај многу луѓе.

Затоа во консултација со стоматолог треба да се оцени дали ќе се превземе одреден третман или се работи за потемна боја на забите која не треба да загрижува. Белењето на забите може да изведува кај сите кои се незадопволни од бојата на своите заби. Единсвена контраиндикација се деца до 16 години, бремени жени, абрадирани заби, зголемена чувствителност на забите, напредната пародонтална болест. Се изведува со механичика и хемиска постапка. Со механичка постапка се избелуваат забите кои се пребоени од надворешни влијанија (пушење, кафе, чај, пребоени пијалоци и храна, лоша хигена и др.) Прво се користи ултрасонично чистење со кое се отстрануваат цврсти и меки наслаги на забите. Потоа се преминува на воздушна абразија, со што се навлегува со површинскиот слој и се отсрануваат подлабоките дамки и пребојувања и на крај се врши полорање на забите со што завршува механичката обработка.

Но кога забите се пребоени од внатре, во структурата или кај внатрешните пребојувања треба да се примени и хемиска постапка. На пазарот има голем број а препарати и апаратура кои се користат за белење, но треба да се внимава на нивните својства и безбедност на забите кои се белат.

Во суштина сите препарати по својот состав се пероксиди (водороден пероксид или карбамид пероксид) во различни концетрации. Но голема разлика кај геловите има во дополнителните компоненти (стабилизатоприте) од што зависи нивниот квалитет и безбедноста за забите. За подобар и побрз ефект се користи еден од најбезбедните и најсигурните методи за белење на забите. Користиме акцелератор кој произведува ладна светлина и преку многубројни филтри. Од целиот сончев спектар ја пропушта само белата светлина (сите штетни зраци – ултравиолетова, инфрацрвена и др. се исклучени).

Самиот гел е патентирана формула која има водена база и не ги дехидрира забите, содржи флуор кој навлегува подлабоко во забот и прави дополнителна заштитаод кариес.

Третманот го вршиме едносеансно и во зависност од пребоеноста трае од 30- 60 мин.

Апсолутно е безболна и безбедна како за време на постапката така и после тоа.

Промената на бојата е од 5-12 нијанси. Со редовна контрола кај стоматолог и редовно одржување на оралната хигена забите ја задржуваат бојата од 1,5 – 2 години.