Убавата насмевка денес е императив.

Благодарение на естетската модерна стоматологија, ХОЛИВУДСКАТА НАСМЕВКА или НАСМЕВКАТА ОД РЕКЛАМА станаa достапни за сите нас.

Естетската стоматологија денес користи врвни материјали и најнапредни техники за да се постигне најдобра можна насмевка. Таа е спој на уметност и знаење.

Жолтите заби, кривите заби, неправилните, скршените, со дијастема (простор помеѓу забите) – со помош на најмодерните методи кои ги нуди естетската стоматологија, за еден час можат да станат сјајни, убаво обликувани, правилни и перфектно бели. Охрабрува тоа што сите интервенции се без непријатности и болка. Естетската стоматологија вклучува повеќе постапки: полирање, пескарење, белење заби, пломбирање, изработка на ламинати (композитни, порцелански) и поставување забен накит (циркон).

БОНДИРАЊЕ е метод, техника на естетската модерна стоматологија. Подготовката на забот се состои во мало стругање на површината на забот и премачкување со течност за бондирање. Течноста прави микропукнатини на забот за реставративниот материјал да може да се сврзе со забната структура. Во зависност од проблемот, стоматологот одлучува дали ќе постави композитна смола, акрилен или порцелански ламинат.

Со композитниот материјал (материјалот за пломби) може во целост да се постигне саканиот ефект – како естетски, така и функционален. Предност е што композитната реставрација се изработува едносеансно, со едно доаѓање на пациентот, а во неа учествува и самиот тој сè додека не се постигне саканиот ефект. Уште една предност на композитната реставрација е цената која за пациентите е доста прифатлива во однос на порцеланската реставрација.

Со правилна и внимателна нега на забите со композитна реставрација се обезбедува нивна долготрајност.