Хијалуронската киселина е природна компонента на нашето тело и неопходна е за одржување на влажноста, цврстината и еластичноста на кожата. Третманот со хијалуронска киселина е нехируршки со веднаш видливи резултати.

Хијалуронските филери кои ги користиме се производ на најсовремена технологија и представуваат иновација на 21 век.

*Филерите се со ОРГАНСКО потекло (затоа што за добивање на хијалуронската киселина се користат непатогени слоеви на Bacillus Subtilis (нормален жител во црвената флора) со што можноста на присуство на антигени кои предизвикуваат несака реакција е сведена на минимум.

*Освен хијалуронската киселина во гелот се наоѓаат и хидроксиапатили во минимум концетрација 1% кои допринесуваат за подобро пополнување на ткивата и како  додатна стимулација на создавање колаген.

 

Индикации:

Скоро секој може да користи хијалуронски филери, и истите да се користат на различни делови на лицето, со цел да се задоволат различните индивидуални потреби со што би се постигнал природен изглед:

  • зголемување на усни,
  • истакнување на ивиците на усните,
  • промена на обликот
  • пополнување на назолабијални брчки,
  • зголемување и обликување на јаболчници и образи,
  • намалување на брчките околу очите и веѓите.

 

 

Како изгледа третманот на апликација на хијалуроснкиот филер?

Третманот е нехируршки. Поради сличноста на хијалуронскиот филер со хијалуронската киселина во нашата кожа, тестирање на алергија не е потребно. Постапката е брза и едноставна и трае од 15 до 30 минути. После апликацијата на филерот може да се вратите веднаш да секојдневните обврски.

 

Дали третманот со хијалуронски филер е болен?

Апликацијата на филерот е со многу тенки игли, така да третманот е безболен. Кај особи со низок праг на осетливост и во осетливи регии можна е и примена на локален анестетик.

 

Можни несакани ефекти на хијалуронскиот филер?

По апликацијата е можна појава на привремена осетливост, црвенило, оток, модрици и осетливост на местото на апликацијата. Симптомите поминуваат за 7 дена, и се сврстуваат од благи до умерени. За да се смири кожата и спречи отокот може во краток период да се држи лед на третираното подрачје.

 

Колку траат резултатите од примената на хијалуронскиот филер?

Резултатите од естетскиот третман со хијалуронски филер се доготрајни, но не трајни. Во зависност од производителот, подрачјето кое се третира, како и видот на кожата, резултатите можат да траат од неколку месеци до година дена.

 

Дали постојат препораки пред третман и после?

Со цел избегнување од несакани ефекти една недела треба да се избегнуваат лекови како што се антиинфламатори затоа што можат да предизвикаат крварење. Псоле третманот 12 саати да не се става шминка, 7 дена да се избегнува изложување на сончеви зраци и висока температура.

 

Контраиндикации за хијалуронските филери?

Не се препорачуваат кај:

  • Особи кои имаат историја на авто-имуни оболувања и оние кои земаат имуно терапија,
  • Особи кои имаат тенденција за развивање на хипертрофицни ожиљци,
  • Трудници и доилки,
  • Особи помлади од 18 години,
  • Особи кои имаат инфективни или инфламаторни процеси на кожата во пределот на регијата која се третира.