Најчесто поставувани прашања

1. Што значи тоа кога четкам и чистам со забен конец и моите непца крварат?

Тоа е состојба која означува дека постои воспаление на гингивата(народски непца) икоја треба да се третира на стоматолог. Нетретирана состојбата доведува до губиток на забите, а воедно и кон неуспех на дентален третман. Првиот симптом за детекција на состојбата е крварењето па затоа веднаш штом ке се забележи пациентот треба да се јави на дентален преглед.

 

2. Што е тоа деструкција?

Распаѓање на забната супстанца е деструкција на забната структура. Распаѓањето го предизвикува плакот, леплива супстанца која се содзава на забната површина, комбинирана со шеќерите од храната создава и испушта киселини кои го нагризуваат емајлот на забот. Најдпбра заштита претставува миење на забите два пати на ден комбинирано со чистенње со забен конец.

 

3. На која возраст би требало да почнам да го носам моето дете на стоматолог?

Никогаш не е прерано да се запознае детето со стоматолошкиот тим. Некои деца имаат заби до една некои до две години. Распаѓањето на забната супстанца може да започне веднаш по ерупцијата на забите и кариесот да се појави во секое време. Препорачливо е децата да дојдат за прв пат меѓу една и две години да се запознаат со стоматолошката ординација, тимот и да се повозат на стоматолошкото столче.

 

4. Дали избелувањето е добро за моите заби?

Иако избелувањето се чини релативно ново, супстанциите за избелување се користат многу одамна во стоматологијата. Тие се најчесто врз база на Пероксид и може да бидат многу успешни ако се користат директно. Не постои оштетување на забот освен што е можна сензација на забот после белењето, но сепак не се препорачува пречесто белење за да не дојде до абразија на забите.

 

5. Кога треба моето дете да почне да употребува паста за заби и во колкава колочина?

Миењето на забите треба да почне веднаш по ерупција на забите и не е толку битно дали ке има паста на четката, битно е барем со вода да бидат правилно исчистени.На почетокот може да се користи пробна паста без флоур па после 3 години да се воведе паста за деца со флуор и вкус која тие ке може да ја поднесат. Количината на паста треба да биде колку зрно грашок.

 

6. Колку се штетни X-зраците? Зошто ја напуштате собата кога правите снимка?

Новите рентген кабинети се со 80% помала радијација од старите конвенционални снимки. Докторот ја напушта просторијата за да го активира копчето за снимање кое се наоѓа надвор. По завршувањето нема резидуална радијација во самата соба.

 

7. Колку пати во годината треба да ги чистам моите заби?

Плакот, леплив бактериски филм, се создава постојано околу забите и може да премине во калкулус, народски кажано забен камен. Препорачливо е чистењето да се прави на 6 месеци, а тогаш воедно да се дијагностицира некоја промена или заболување.

 

8. Што претставуваат дентални импланти?

Тоа се цилиндрични или заострени постови кои најчесто се изработуваат од титаниум и претставуваат замена за забниот корен. Може да се замени еден заб , повеќе или сите заби. Во зависност од состојбата и планот на рехабилитација на забалото, докторот одлучува колку импланти се потребни за замена. Конектор, познат како абатмент, е поставен врз имплантот и претставува врска меѓу имплантот и подоцна протетската замена за забот.

 

9. Колку заби можат да бидат заменети со денталните импланти?

Може да се замени еден заб , повеќе или сите заби. Во зависност од состојбата и планот на рехабилитација на забалото, докторот одлучува колку импланти се потребни за замена.

 

10. Дали е болно поставувањето на дентални импланти?

За многу од луѓето тоа е лесно толеранта хируршка интервенција. Постоперативните тегоби се нормални и пациентот е покриен со медикаменти од типот на анти-инфламатори(Ibuprofen) или за ублажување на болка.

 

11. Дали моето тело може да го отфрли имплантот?

Забните импланти може да бидат отфрлени затоа што тие не содржат живи клетки ниту пак генетски кодиран материјал. Титаниумот од кои се изработени е тотално биокомпатибилен и алергиите се екстремно ретки. Но имплантот нема да се интегрира во коската ако пациентот има лоша орална хигиена или ако е изложен на јаки сили на гризање пребрзо. Како и да е, ова е премногу ретко и успехот на имплантите е 95%.

 

12. Што претставува дентална коронка?

Коронката има форма на забот и е најчесто изработена на машина во дентална лабораторија. Таа е дизајнирана за да ја покрие површината на забот а со тоа и да го заштити. Има различни причини зошто стоматологот препорачува нивна изработка. Некогаш таа е поставена врз заб кој има канално полнење или пак ако забот има голема пломба, со цел да го задржи забот цврст за гризање звакање. Исто така се користи како дел од дентален мост врз импланти, кај девитализирани заби кои потемниле и кај слаби или скршени заби.