Ласерската терапија и дијадинамофорезата се постапки кои даваат мошне значајни резултати во превентивата и лекувањето на парадентозата. Дијадинамофорезата претставува постапка при која под дејство на слаби струи се внесуваат различни медикаменти во зависност од процесот (витамин Ц, алое вера и слично) се со цел да се подобри прокрвареноста на непцата и гингивите, односно да се сочува гингивалниот сулкус (просторот помеѓу забот и непцето). За ласерската терапија е карактеристично што се употребуваат биостимулативни ласери кои го користат само црвениот спектар од сончевата светлина. Со негова помош пак се постигнува стерилизација на парадонциумот и се стимулира подобрување на исхраната на околузабното ткиво и регенерација на алвеолнарната коска. Во однос на времетраењето терапијата се прави секојдневно во период од седум дена со траење од еден час дневно. Во текот на првата година постапката се повторува на период од шест месеци, а понатаму тоа се прави еднаш годишно или по потреба во зависност од успехот на терапијата.