Како што кажува и самото име CAD – CAM, значи компјутерски помогнат дизајн и моделирање. Станува збор за високо софистицирана технологија која се применува во изработката на коронки и мостови. Имено основата на која се доработува порцеланскиот дел, е целосно компјутерски изработен. Со скенер се скенира забното трупче, така да модулот автоматски ја детерминира границата помеѓу забот и коронката што допринесува за максимална прецизност во изработката. Материјалот од кој се изрзботуваат овие протетски изработки може да биде Titanium или ZirkoniumOxide кој како био компатибилен материал е откриен пред окулу 30 год.

Неговите одлични физички и механички карактеристики како и можностите за максимален естетски ефект го прават го прават еден од моментално најдобрите материјали во примена на естетската стоматологија. Во клинички испитувања докажано е дека подлежи на значително помала дихезија на бактерии од сите досега изработувани метали и челици. Единствен метал кој може да конкурира во биокомпатибилноста е TITANIUMOT. Ова е демонстрирано преку резистенција на плак (наслаги) на протетските изработки кои начесто се срекаваат во устата. Преку овие идруги научни истражувања, од светски размери, се докажуваат и други штетни влијанија на челиците што содржат; Cobalt, Chrom, Molibden, што допринесува се повеке да се зголемува употребата на овие материјали како најприфатливи и најбезбедни за нашето здравје.

Досега овие два материјали беа речиси недостапни за сите пациенти односно беа привилегија само за богатите слоеви. Нашата ординација во соработка со нај современата заботехнижка лабараторија во МКД * АРТ ДЕНТАЛ ЛАБС* направи напори овие изработки да станат реалност за секој пациент. ПРОВЕРЕТЕ ЈА ЦЕНАТА НА НАШИТЕ ПРОМОЦИИ НА CAD – CAM Titanium и CAD – CAM Cirkonium. Високо естетска природа на CIRKONIUMOT заедно со неговата супериорна биокомпатибилност и одлични физички и механички карактеристики на TITANIUMOT ја прави cad – cam технологијата прифатлива и за најпребирливите пациенти во стоматологијата.