Со загуба на забите започнува еден процес на физолошка ресорспција на алвеоларната коска со морфолошки промени на алвеоларниот гребен како и мекоткивната структура. Ова претставува сериозен проблем во решавањето на безабоста од протетски аспект као и проблем за пациентие кои се соочуваат со физиолошки функционален и психолошки проблем. Од друга страна како алтернатива за протетски изработки се забните импланти за кои пак е потребно истакнување на орално-хирушки и тераписки постапки и протоколи за работа спроведени од страа на имплантологот но и влијанието на здравствената состојба на пациентот кои учевствуваат во ограничување на можноста за спроведување на современите аугментативни и регенеративни постапки на коскениот фундамент.

Планирањето и реконструкцијата на дефицитот на коска во орофацијалната регија пак подразбира и употреба на сите веке познати сретства и методи за коскена аугменатација со користење на најразлични материјали како од хумано животинско и синтетско потекло кои се со различен остеокондуктивен и остеоиндуктивен потенцијал употребувајки ги сами или во комбинација со автологна коска или автологна крв.

Предноста на крвните деривати и нивната употреба е избегнување и пренесување на инфективни процеси, намалено активирање на имунолошките реакции во организмот како и намалени финансиски издатоци за пациентот. Темелот на ткивна регенерација од автологните крвни продукти се базизра на регенеративните својства на биолошките медијатори и факторите на раст кои се наогаат во крвта.

Ткивна регенерација и зараснување на рана.
Оштетување на ткивото и случувањата кои нормално се презентираат во процесот на зараснување на меките и тврдите ткива.

После хирушка интервенција или траума при повреда на крвен сад започнува процесот на ткивна репарација. Циркулирачките тромбоцити бргу се агрегираат меѓусебно на местото на повредата и заедно со експонираниот субендотелен колаген се организираат во коаулум со фибрински матрикс . Форамираниот коагулум ја обезбедува хемостазата и овозможува провизорна средина преку која клетките ќе мигрираат во тек на репаративниот процес, но коагулумот е и резервоар на цитокини и фактори на раст кои се ослободуваат во текот на тромбоцитната дегранулација. Тука спаѓаат интерлеукините, transforming growth factor (TGF beta) platelet derivet growth factor PDGF како и vascular endothelial growth factor VEGF) . Цитокините ослободени од раната делуваат хомотактично за неутрофилните неутроцити и моноцити. Неутрофилите пак остануваат доминантни клетки кои со протеазите и проинфламаторни цитокини вклучувајки ги тумор некрозис фактор алфа и интерлеукините IL1AI, IL1G кои продолжуваат да го стимулираат инфламаторниот одговор кои по тоаложење на хистоцитите завземаат хроничен тек.