За нас

Стоматолошката ординација “д-р Ивица Луканоски” е основана  2002 год .од тогаш до денес постојано се надградуваме и инвестираме како во нашето знаење така и во современа опрема и материјали , развивајки се во ординација која сосвојот љубезен персонал и стручна подготвеност ке ви пружи врвна грижа и стоматолошки сервис. Од 01.06.2005 година склучивме договор со Фондот за здравствено осигурување на Р. Македонија. Довербата за матичен стоматолог ни ја имаат доверено повеќе од 10 000 пациенти и нивните семејства.

Денес во нашата ординација работат пет тима на матични стоматолози кои ќе ви пружат врвна услуга по заштитени цени кои се пропишани од ФЗОМ. Во услуги на Фондот спаѓаат интервенции од примарната стоматолошка заштита:

контролни превентивни прегледи (совети консултации)
пломбирање на заби како и нивно лекување (ендодонтски третман)
вадење на заби
одржување орална хигиена (чистење забен камен и меки наслаги)
егзогена флуор профилакса и залевање на фисури (кај деца).

Нашите вредности

Нашите клиенти пред се

Основната вредност на нaшето работење е посебниот третман, професионалноста и грижата коа ја добиваат нашите клиенти.

Употреба на врвна технологија

Современата технологија која се употребува во нашето работење е предуслов за квалитетна и професионална услугa.

Секој клиент има посебен третман

Чувството на сигурност и грижата за нашите клиенти е наш приоритет преку кој се заснова довербатa.

Долгогодишно искуство

Нашиот тим го сочинуваат доктори со докажана експертиза и интегритет во нивното работење.

години
искуство
посетени
конференции
насмеани
клиенти