Ординација Д-р Луканоски

Пародонтална болест

Пародонтална болестЗборот Пародонтална болест значи „болест околу забот“. Пародонталната болест ги напаѓа гингивалните ткива (непцата) и коската кои ги поткрепуваат забите. Четворица од петмина пациенти имаат пародонтална болест и воопшто не се свесни за тоа! Ова може да се случи затоа што болеста е обично безболна во раните фази. Сепак, покрај тоа што е безболна, дури и помалите пародонтални заболувања не треба да се игнорираат.

Фази на пародонтална болест

 

 

Првата фаза на пародонтална болест е Гингивит односно воспаление на гингивата. Ова се случува кога токсичните нуспроизводи создадени од плак бактериите на забите предизвикуваат воспаление на непцата.

Следната фаза е Пародонтитис. Како што продолжуваат да се акумулираат забниот плак и забниот камен, непцата почнуваат да се повлекуваат од забите и подлабоки џебови се формираат помеѓу непцата и забите и на тој начин се исполнуваат со бактерии. Гингивата станува многу иритирана, воспалена и лесно крвари. Исто така мало до умерено губење на коската може да биде присутно во оваа фаза.

Третата и најопасна фаза е Напредниот пародонтитис. За време на оваа фаза, забите губат поголема поддршка бидејќи гингивата (непцата), коската и пародонталните лигаменти продолжуваат да бидат нападнати од болеста. Освен ако не се лекуваат, погодените заби ќе почнат да се луксираат (клатат) и може да се изгубат односно да треба да се екстрахираат. Во оваа фаза може да има генерализирана, умерена до сериозна загуба на коска.

 

Напредната пародонтална болест е причина број еден за губење на забите. Истражувањата исто така сугерираат дека може да има меѓусебна корелација помеѓу пародонтот и другите болести како што се мозочен удар, бактериска пневмонија, дијабетес, кардиоваскуларни болести и зголемен ризик за време на бременоста.

Добра хигиена на устата, урамнотежена исхрана и редовни посети на стоматолог можат да помогнат да се намали ризикот од развој на пародонтална болест. Пушењето го зголемува ризикот од пародонтална болест, па затоа откажувањето од пушење може да помогне и во подобрување на вашето орално здравје.

 

Причини за појава на пародонтална болест

Покрај денталниот плак, за појавување на пародонтопатија индиректно влијаат и други фактори кои може да ги поделиме на локални и општи.

 

Локални фактори

Тие го олеснуваат или забрзуваат создавањето и напластувањето на дентален плак. Тоа се:

Општи фактори

Исто така за појава на оваа болест може да влиајат и неправилната исхрана, стареењето, меѓутоа сите се овие фактори кои само индиректно делуваат како причинители. Основен фактор е лошата хигиена на устата и забите и насобирање на дентален плак.

Од сево ова се заклучува дека пародентопатиите настануваат како резултат на дејството на бактериите од денталниот плак во услови на намалена одбрамбеност (имунитет) на организмот.

Знаци и симптоми на пародонтална болест:

Што вклучува третманот на пародонталната болест?

Терапијата е долготрајна затоа што пародонтопатијата е болест која може да се повтори и поради тоа мора да биде под контрола. Единственото трајно решение е превенцијата.

Третманот кој Ви е Вам потребен зависи од сериозноста на болеста, односно од стадиумот на пародонтопатијата. Стоматолозите ја класифицираат пародонтопатијата како блага, умерена или тешка пародонтопатија.

Во почетната фаза, кога ќе настане гингивитис, лечењето е многу едноставно затоа што џебовите се незначително малечки и за нив не е потребен посебен третман. Забниот камен (тврдите наслаги на забите) и денталниот плак се отстрануваат со специјален апарат кој користи ултразвучни вибрации кои го разбиваат забниот камен. После ултразвучниот третман забите се полираат со четкица и гумичка со додавање на специјална паста за полирање, до потполно отстранување на наслагите. Се препорачува плакнење на устата со посебен раствор, а во некои случаи се препорачува и медикаментозна терапија.

Доколку стоматологот евидентира пародонтални џебови, после базичната терапија се пристапува кон елиминација или намалување на истите. Во зависност од локализацијата и другите особини на пародонталните џебови, се превзема нивна обработка (киретажа) или хирушко лечење (резен операција). Интервенцијата е безболна и се прави со локална анестезија.

Видови на интервенција

Доколку се сомневате на погореспоменатите симптоми, контактирајте нè и закажете консултација во нашата ординација. Нашиот тим е секогаш тука за вас.

Во нашата понуда ќе најдете и услуги наменети за странски туристи.

Д-р Бојан Велкоски

 

Exit mobile version