Болести на уста – Парадонтологија

Парадентоза

 

Вовед
Парадентозата е болест која се карактеризира со предвремено губење на забите иако истите најчесто се здрави или интактни (непломбирани или лекувани). Во светски размери парадентозата е застапена кај 95 отсто од популацијата.

 

Симптоми
Парадентозата најпрво почнува со крварење од непцата и непријатен здив, потоа повлекување на непцата и атрофирање на гингивите при што се добива впечаток дека забот е оголен за на крајот да почне да се клати и во краен случај да одпадне. Промени настануваат и во алвеоларната коска односно во чашките кои ги држат забите во вилицата (настанува нивно атрофирање односно повлекување така да забот во терминалниот стадиум на парадентозата е прикрепен само за гингивата. Карактеристично е тоа што промените кои што се случуваат во устата може да се видливи или невидливи за пациентите.

 

Причини

  • забниот камен,
  • меките наслаги на забите (лоша орална хигиена),
  • тескоба на забалото (ротирани, инклинирани заби, како и заби со пореметување во растот и развојот),
  • лоши протетски изработки кои што можат да доведат до преоптеретување на забите и нивно предвремено испаѓањееден од најголемите фактори за појавата на парадентозата е и стресот кој се вбројува во модерните болести на денешницата.

 

Терапија
Кај народот постои сваќање и убедување дека штом парадентозата еднаш ќе се појави повеќе нема спас. Но модерната стоматологија не се сложува со тој концепт на размислување. Правени се многу испитувања, експерименти и денеска со успех во лекувањето на парадентозата можат да се пофалат многу пациенти кај кои пак ако парадентозата им била дијагностицирана уште во почетен стадиум истата може да се стопира и со добра нега и контрола од стоматолог. Терапијата првенствено се состои во редовно миење на забите како основа на оралната хигиена, користење на специјални пасти и четки за заби, редовно чистење на забен камен и субгингивални конкременти и тоа барем два пати годишно. Доколку пак парадентозата е во понапреден стадиум тогаш се применуваат ласерската терапија и дијадинамофорезата со кои пак, испитувањата покажуваат, се постигнува исклучително голем успех.

Гингивити

Терапија

Ласерската терапија и дијадинамофорезата се постапки кои даваат мошне значајни резултати во превентивата и лекувањето на парадентозата. Дијадинамофорезата претставува постапка при која под дејство на слаби струи се внесуваат различни медикаменти во зависност од процесот (витамин Ц, алое вера и слично) се со цел да се подобри прокрвареноста на непцата и гингивите, односно да се сочува гингивалниот сулкус (просторот помеѓу забот и непцето). За ласерската терапија е карактеристично што се употребуваат биостимулативни ласери кои го користат само црвениот спектар од сончевата светлина. Со негова помош пак се постигнува стерилизација на парадонциумот и се стимулира подобрување на исхраната на околузабното ткиво и регенерација на алвеолнарната коска. Во однос на времетраењето терапијата се прави секојдневно во период од седум дена со траење од еден час дневно. Во текот на првата година постапката се повторува на период од шест месеци, а понатаму тоа се прави еднаш годишно или по потреба во зависност од успехот на терапијата.