Протетика – мобилна и фиксна

Протетика

 

Стоматолошката протетика се занимава со реконструкција на оштетеното ткиво на забите, надоместување на еден или повеќе изгубени заби со мостовска конструкција или реконструкција на целата забна низа. Со коронките и мостовите се воспоставува континуирана забна низа со анатомска форма на коронарниот дел од забите, се обезбедуваат: функција, естетика, фонација и превенција на преостанатите забни и орални структури, а со тоа и на целиот организам.

Неопходно е изгубените заби да се надоместат, бидејќи по екстракција на забите се создава празен простор кон кој соседните заби имаат тенденција на поместување. Ова поместување на здравите заби кон празниот простор ја отежнува секојдневната орална хигиена, непцата се подложни на заболувања, можна е дополнителна загуба на преостанатите здрави заби заради преоптоварување, како и сериозни нарушувања во функцијата на зглобот и во џвакањето. Заради овие причини, неопходно е извадените заби да се надоместат со дентални мостови, коронки или импланти. Со овие протетски надоместоци ќе се врати вашата насмевка, ќе се овозможи правилно џвакање и зборување, силите на џвакопритисок рамномерно ќе се распределат, со што ќе се намалат оптоварувањето и оштетувањето на здравите заби.

Во нашата ординација подеднакво се работат и фиксната и мобилната протетика. Изработуваме конструкции од метална керамика и безметална керамика.
Безметалната керамика се изведува со специјализирана технологија по CAD/CAM -техника (computer-aided design & computer-aided manufacturing), со која се добиваат прецизни димензии, извонредна цврстина и совршен краен естетски ефект. Конструкцијата се изработува компјутерски со што грешките се сведени на минимум. Најчесто користени материјали се циркониум и титаниум, коишто се биокомпатибилни, посилни и поиздржливи во споредба со другите материјали и совршено се вклопуваат со бојата на преостанатите здрави заби.

 

 

 

 

 

Мобилна протетика

 

Протезите се мобилни помагала кај пациентите кои ги изгубиле поголем дел од своите заби и кај кои не постои можност забалото да се надомести со поставување дентални мостови или импланти. Според бројот на изгубени заби протезите можат да бидат парцијални (делумни) или целосни (тотални) протези , а според материјалот на изработка протезите можат да бидат класични акрилатни протези , скелетирани визил протези и еластични ( валпласт) протези.

 

  • Класични акрилатни протези

    Овие протези се изработени од тенок и мек материјал кој совршено се вклопува во устата на пациентот, интимно налегнува на гингивата и овозможува рамномерно пренесување на силите на џвакопритисок со што се намалува оптеретувањето на природните заби. За истите е поврзана со меки и невидливи кукички со што естетски е скоро невидлива и не создава проблеми при говор и исхарана па затоа пациентите многу лесно се навикнуваат на нејзината употреба.

  • Eластични (валпласт) протези

    Целосно се изработени од цврст акрилат и кај парцијалните протези со помош на кукички (жички) се прицврстени за остатокот од забите.

 

  • Скелетирана визил протеза

    Визил протезата е парцијална скелетирана протеза каде што скелетот на протезата е изработен од лиен биокомпатибилен метал . Површината на протезата е значително намалена и за разлика од акрилатните протези тие се потенки, понежни но поцврсти и постабилни во уната празнина. За преостанатите заби може да се прицврстува со помош лиени кукици или во комбинација со порцелански мостови каде што врската меѓу протезата и мостот е со атчмени (невидливи копчиња) кои не се гледаат , естетки се многу поприфатливи а овозможуваат цврсто лежење и одлична функција на протезата.