Стоматолошки интервенции за време на бременоста

Стоматолошки интервенции за време на бременоста

Кај бремените жени постои мислење дека за време на бременоста не се оди на стоматолог, како и тоа дека стоматолошки интервенции во овој период се многу ризични.

Иако во бременоста се случуваат многу промени во организмот тие се од физиолошка природа. Промени се забележуваат, во кардиоваскуларниот систем, респираторниот систем, промени во крвта и крвни садови, кај органите за варење, хормонални промени и за нас најважно е промените во устата.

Промените во устата се манифестираат како воспаление на непцата, кои се зацрвенети и натечени, кои може да преминат дури во (труднички тумор), најчесто е во пределот гингивата окулу забите во предниот дел окулу усниците, и промени во плунката и плунковите жлезди.

Ако добро се познаваат сите овие промени и невната физиологија, за време на бременоста може да се извршуваат сите стоматолошки интервенции.

Во првото тромесечие, (од зачнувањето до 14 недела) жените се најосетливи на стрес и надворешни влијанија, па во овој период се случуваат и најголем број абортуси се препорачува да се извршуваат само превентивни и профилактични прегледи и интервенции. Не се препорачуваат интервенции и РТГ снимање доколку не постои итност од стоматолошки третман. Во второто тромесечие од 14 -28 недела, доколку пациентката нема проблеми со бременоста, ова е најпогодниот период за стоматолошка интервенција, може да се извршуваат сите профилактични и куративни третмани, пломбирање и чистење на забен камен, како и орално хирушки интервенции. Доколку се направи заштите на фетусот и тироидната жлезда кај мајката со заштитни кецели или престилки може да се извршуваат и RTG снимање.

Во третото тромесечие од 28 недела до породување скоро и да нема опасност кон плодот, но мајката е веќе во понапредна бременост и потребно е да се постави во правилна позиција, за плодот да не врши притисок врз големите вени и да допринесе за пад на притисокот кај мајката. Препорачливо е стоматолошките интервенции да се извршуваат во првата половина од ова тромесечие.

Share: