Дентални импланти

импланти

импланти

Дентални импланти претставуваат прецизно дизајнирани изработки кои се вградуваат како замена за корен од заби, на коишто потоа можеме да изработуваме сите видови на протетски конструкции. Со нив ги решаваме сите облици на беззабеност (од недостаток на еден заб до комплетна беззабеност) и преставува идеално решение за надоместување на забите кои недостасуваат.

Материјали од кои се составени денталните импланти

постапкаДенталните импланти се изградени од титаниум. Титаниумот е комплетно биокомпатибилен со виличната коска, така што не постои никаква можност на алергиска реакција. Имплантот се состои од дентален штраф (имплант кој се вградува во коската), абатмент на кој преставува спој и над него се поставува коронка односно забот.

структураКога се препорачуваат?

Кога недостасува еден заб, индивидуална коронка поставена над имплантот, преставува идеално решение за вас. Се добива префектно естетско решение, се избегнува стругање на соседните заби и дополнителна девитализација (умртвување) на некој од соседните заби.

имплантиКога недостастасуваат два или повеќе заби во забната низа, поставување на 2 или повеќе импланти е идеално решение, бидејќи се избегнува стругање на соседните заби или носење на парцијална протеза, за да ги надомести забите кои недостасуваат. Со поставување на мост спречуваме да настане дополнителна ресорпција на коската и поместување на вашите заби во низата. Оваа преставува незаменливо решение што ви нуди прерфектна естетика и фукционално решение.

Кога постои тотална беззабеност, постојат поголем број на варијанти кои можат да се направат благодарение на имплантите. Ова секако ова зависи индивидуално од состојбата на меките (гингивата) и тврдите ткива (големина и ширина на мандубуларната и максиларната коска), а исто така поставеност на синусите, нервите и крвните садови.

Предности и придобивки од денталните импланти

Забните импланти преставуваат идеално решение за надоместување на изгубените заби. Освен што можат да го надоместат изгубениот заб, денталните импланти во потполност го враќаат чувството и функционалноста како природниот заб.

Долготрајност на денталните импланти

Забните импланти се направени за да трајат долготрајно. Мостовите кои се поставени над забите имаат рок на траење 10-15 години, додека забните импланти се решение за цел живот. Но, секако тоа се зависи дали ќе се придржуваме до правилата за успех.

споредбаПодмладување

Со губење на забите доаѓа до ресорпција на коската, така што се губи физиономијата на лицето и се добива старечки изглед. Се поставување на имплантите, се спречува ресорпција (повлекување) на меките ткива и коската, и повторно се враќа природниот облик на лицето и насмевката.

Зачувување на вашите заби

Нема непотребно состружување на соседните заби.

Самодоверба

Пациентите кои имаат вградено забни импланти се чуствуваат многу посамоуверено и посигурно. Протетските конструкции се фиксни, без можност за придвижување при говор или исхрана.

Заклучок е дека со вградување на вештачки корен во просторот каде што недостасуваат заби во потполност, може да ја вратиме функцијата и естетиката на пациентот. Како и неговата самодоверба и чуство на сигурност, без притоа да се оштетуваат соседните заби.

Сепак да напоменеме дека имплантите треба да се вградуваат од искусни хирурзи и имплантолози. При неправилно имплантирање може да се направи и непроценлива штета која ке ги занемари сите предности кои ги нудат имплантите.

Закажете бесплатна консултација во нашата ординација, доколку сте во дилема што е потребно да се направи во вашиот случај. Нашиот тим е секогаш тука за вас.

Нудиме и услуги наменети за странски туристи.

Share: