мк | en
За насмевка што блеска!
Новости
Стоматолошката ординација Луканоски е добитник на наградата претприемач на годината - 2010
Прочитај повеќе
За нас
Стоматолошката ординација "д-р Ивица Луканоски" навлезе во деветата год од своето постоење и им овозможи ....
Прочитај повеќе
Статии
Бременост
Парадентоза
Cad Cam
Прочитај повеќе
Превземи ценовник
Статии / Стоматолошки интервенции за време на бременоста
Кај бремените жени постои мислење дека за време на бременоста не се оди на стоматолог и дека стоматолошки интервенции во овојпериод се многу ризични.
Иако во бременоста се случуваат многу промени во организмот тие се од физиолошка природа. Промени се забележуваат, во кардиоваскуларниот систем, респираторниот систем, промени вокрвта и крвни садови, кај органите за варење, хормонални промени и за нас најважно е промените во устата.
Промените во устата се манифестираат како воспаление на непцата, кои се зацрвенети и натечени, кои може да преминат дури во (труднички тумор), најчесто е во пределот гингивата окулу забите во предниот дел окулу усниците, И промени во плунката и плунковите жлезди.
Ако добро се познаваат сите овие промени и невната физиологија, за време на бременоста може да се извршуваат сите стоматолошки интервенции.
Во првото тромесечие, (од зачнувањето до 14 недела) жените се најосетливи на срес и надворешни влијанија, па во овој период се случуваат и најголем број абортуси се препорачува да се извршуваат само превентивни и профилактични прегледи и интервенции. Не се препорачуваат интервенции и РТГ снимање доколку не постои итност од стоматолошки третман. Во второто тромесечие од 14 -28 недела, доколку пациентката нема проблеми со бременоста, ова е најпогодниот период за стоматолошка интервенција, може да се извршуваат сите профилактични и куративни третмани, пломбирање и чистење на забен камен, како и орално хирушки интервенции. Доколку се направи заштите на фетусот и тироидната жлезда кај мајката со заштитни кецели или престилки може дасе извршуваат и ртг снимање.
Во третото тромесечие од 28 недела до породување скоро и да нема опасност кон плодот. но мајката е веке во понапредна бременост и потребно е да се постави во правилна позиција, за плодот да не врши притисок врз големите вени и да допринесе за пад на притисокот кај мајката, Стоматолошките интервенции да се извршуваат во првата половина од ова тромесечие.
страната најдобро се гледа со Mozilla Firefox 4.0 или понов и Internet Explorer 6.0 или понов, минимална резолузија 1024 x 768
© 2012 Сите права задржани.