мк | en
За насмевка што блеска!
Новости
Стоматолошката ординација Луканоски е добитник на наградата претприемач на годината - 2010
Прочитај повеќе
За нас
Стоматолошката ординација "д-р Ивица Луканоски" навлезе во деветата год од своето постоење и им овозможи ....
Прочитај повеќе
Статии
Бременост
Парадентоза
Cad Cam
Прочитај повеќе
Превземи ценовник
За нас
Стоматолошката ординација "д-р Ивица Луканоски" навлезе во деветата год од своето постоење и им овозможи стоматолошки услуги на повеке од 5000 пациенти. Од 01.06.2005 год склучивме договор со фондот за здравствено осигурување на Р.Македонија. Отогаш до денеска довербата за матичен стоматолог ни ја довериле над 3500 пациенти.
Во услуги на фондот спаѓаат интервенции од примарната стоматолошка заштита:
• контролни превентивни прегледи (совети консултации)
• пломбирање на заби како и нивно лекување (ендодонтски третман)
• вадење на заби
• одрзување орална хигиена (чистење забен камен и меки наслаги)
• егзогена флуор профилакса и залевање на фисури (кај деца).

Сите услуги се наплатуваат по цени кои се одредени од Фондот за здравствено осигурување на Р.Македонија.

Но нашата ординација не застанува тука.
Со развојот на модерната стоматологија се развиваме во ординација која ги прати сите најнови и најсовремени трендови во стоматологијата. Со знаењата стекнати преку многубројни курсеви, семинари, конгреси, мегународни симпозиуми и размена на искуства со други колеги им овозможуваме на пациентите да добијат услуги од врвен квалитет со апаратура и материјали од познати светски брендови.
Посебно внимание посветуваме на протетските изработки во кои гледаме да се сочува функционалноста и естетиката.
Сепак да ја направиме вашата насмевка повесела и поубава. Ова го постигнуваме во соработка со најголемата заботехничка лабараторија Арт Дентал лабс која со својата опременост и квалитет во работата ни овозмозува да постигнеме вистинска уметност во стоматологијата.

Изработуваме:


За сите протетски изработки добивате писмена гаранција за квалитетот од 3 или 5 години во зависност од изборот на материјалите кои се вградени при изработката

Д-р Ивица Луканоски е роден во 1974 година, во Скопје. Завршил средно образование како забен техничар во МУЦ "Д-р Панче Караѓозов". Дипломирал на Стоматолошкиот факултет во Скопје, во 2000 год . По краток престој во САД, во 2003 година, ја отвора ПЗУ стоматолошка ординација "Д-р Ивица Луканоски". Во 2006 година, завршува активен курс за имплантологија, во Германија , како и активни курсеви за ендодонција и протетика. Моментално ја завршува специјализацијата по орална хирургија на Стоматолошкиот факултет во Скопје.

Д-р Марина Стојкова е родена во 1976 година. Завршила средно медицинско училиште, отсек: забен техничар, во1994 година. Дипломирала на Стоматолошкиот факултет во Скопје, во 2001 година. Во 2003 година, е вработена како стручен соработник во претставништвото за лекови на "Босна лек". Од 2004 година, па до денес е вработена во ПЗУ "Д-р Ивица Луканоски". Посетува голем број семинари, симпозиуми, конгреси.

Д-р Душко Азманов е роден во 1983 година, во Скопје. Средно образование завршил во д-р Панче Караѓозов, отсек: забен техничар. Дипломирал на Стоматолошки факултет - Пловдив, Р. Бугарија, во 2008 година. Специјализирал орална хирургија при Стоматолошкиот факултет во Скопје, во 2012 година.

Д-р Ана Боневска е родена во 1985 година, во Скопје. Средно образование завршила во Средното медицинско училиште "Д-р Панче Караѓозов", отсек: забен техничар. Дипломирала на Стоматолошки факултет во Скопје, во 2010 година. По стекнувањето работна лиценца, работи како доктор по општа стоматологија, во ПЗУ Стоматолошка ординација "Д-р Ивица Луканоски". Активно учествува на голем број конгреси и семинари.


Со почит
Д-р Ивица Луканоски

страната најдобро се гледа со Mozilla Firefox 4.0 или понов и Internet Explorer 6.0 или понов, минимална резолузија 1024 x 768
© 2012 Сите права задржани.