мк | en
За насмевка што блеска!
Новости
Стоматолошката ординација Луканоски е добитник на наградата претприемач на годината - 2010
Прочитај повеќе
За нас
Стоматолошката ординација "д-р Ивица Луканоски" навлезе во деветата год од своето постоење и им овозможи ....
Прочитај повеќе
Статии
Бременост
Парадентоза
Cad Cam
Прочитај повеќе
Превземи ценовник
Статии / Современ пристап во терапија на парадентозата со употреба на ласерска терапија
Кај народот постои сваќање и убедување дека штом парадентозата еднаш ќе се појави повеЌе нема спас. Се јавува најчесто кај пациенти кои имаат ортодонтска тескоба (збиени или искривени заби, недоизникнати заби, лоши протетски изработки, дијабетес, пушачи, пациенти со лоши навики (гризење разни предмети, моливи, нокти … или отежната хигиена во устата, но модерната стоматологија не се сложува со тој концепт на размислување. Правени се многу испитувања, експерименти и денеска со успех во лекувањето на парадентозата можат да се пофалат многу пациенти. Ако парадентозата е дијагностицирана уште во почетен стадиум истата може да се стопира и со добра нега и контрола од стоматолог. Терапијата првенствено се состои во редовно миење на забите како основа на оралната хигиена, користење на специјални пасти и четки за заби, редовно чистење на забен камен и субгингивални конкременти и тоа барем два пати годишно.
Во нашата ординација во лекувањето на парадентозата која е во понапреден стадиум се применуваат најсовремени методи и третмани како ласерскатерапија и дијадинамофорезата со кои, се постигнува исклучително голем успех.
Откако ќе ги отстраниме површински сите цврсти наслаги со ултразвук, се пристапува кон длабока обработка на коренската површина со цел да се исчистат и наслагите на коренот.
Ние коритиме  мекоткивен хирушки ласер со кој се влегува во периодонталните џебови, со лесни движења се отсрануваат сите наслаги од внатрешноста на меките ѕидови на пародонталниот џеб со што понатаму ќе овозможиме забното месо да се сврзе со забот и да се намали пардонталниот џеб.
Како втора метода користиме и биостимулативен ласер. Откако ќе се спроведе механичката обработка се први комбинирана терапија со дијадинамофореза и лазерско зрачење. Дијадинамофорезата еметода со која под дејство на слаби струи се аплицира дирекно витамин Ц или АЛОЕ ВЕРА (кај големи воспалителни процеси може да се ординира и со антибиотици) во забното месо окулу забот. Со ова се постигнува подобра прокрвареност и исхрана на забното месо кое ке стане поцврсто и прикрепено за забот. Во коминирана терапија со биостимулативниот ласер ке потикнеме и стопирање на повлекувањето на виличните коски и создаване на нови коскени гредички кои ќе ги зацврстат забите во вилиците .
Сите овие третмани се индицирани кај пациенти кои иимаат почетна или напредна парадентоза
Иако станува збор за скапа и високо технолошка постапка во нашата ординација овозможивме овие услуги да се работат по достапни цени за секој пациент.
Почуствувајте ја вашата уста чиста и здрава

Пишува Др Ивица Луканоски
страната најдобро се гледа со Mozilla Firefox 4.0 или понов и Internet Explorer 6.0 или понов, минимална резолузија 1024 x 768
© 2012 Сите права задржани.