Современа ендодонција со употреба на микроскоп

Современа ендодонција со употреба на микроскоп

Современа ендодонција со употреба на микроскопЗнаеме дека редовните стоматолошки прегледи и правилната орална хигиена се најдобар начин за одржување на здрава усна шуплина. Кај ненавремено третирани кариозни лезии, кои предизвикуваат воспаление и оштетување на пулпата на забот проследени со болка, се јавува потреба за лекување на истите.  Најчеста причина за потреба од соодветен третман на забите т.е. ендодонција имаме кај следните случаеви:

  • длабоки кариеси,
  • јаки пулпитчни пулсирачки болки,
  • воспалителни процеси во коската под коренот на забот,
  • болка на забот предизвикана од траума,
  • големи пломби поставени директно на нервот на забот или нивно често менување,
  • стари несоодветни полнења,
  • скршени инструменти во каналите на забите и многу други.

Ендодонција - третман

Што е ендодонција ?

Ендодонција е гранка во стоматологијата која се занимава со лекување на нервот и ткивата околу коренот на забот. Самата процедура вклучува во себе дијагноза и лекување на внатрешноста од забот. Третманот има за цел да го спаси забот оштетен од кариес, траума или инфекција, да го реставрира истиот и да ја превенира потребата од импланти или мост.

Видови на методи на ендодонција

Ендодонцијата може да се изведе со класична рачна метода и со современа ендодонција со машинска обработка на каналите и употреба на микроскоп. Со класичната ендодонција многу често кога се работи во тесни и криви коренски канали, заради нефлексибилноста на инструментите, каналите остануваат недоволно проширени и обработени. Во тој необработен дел од коренскиот канал бактериите имаат најдобри услови за размножување. Тука инфекцијата може да се прошири во коската на врвот на забот со што настануваат воспалителни процеси, кои го оштетуваат коскеното ткиво околу забот и можат да бидат причина за појава на болка но и разни инфекции во целиот организам (фокалози). Доколку навреме не се третираат последица би било вадење на забот.

Употреба на дентален микроскоп

Следејки ги новите трендови во стоматологијата и поконкретно во ендодонцијата, ја унапредивме работата со употреба на дентален микроскоп. Микроскопот има значајна улога во секојдневната стоматолошка пракса, а особено при ендодонтската терапија на забите. Ова е од особена важност  бидејќи со золемување на работното поле, се овозможува прецизно  детектирање на коренските канали. Успешното третирање на каналите води кон долготрајно зачувување на забот во усната празнина.

Употребата на микроскоп го подигнува степенот на квалитет на работата.

Дентален микроскопЗа разлика од класичниот, „рачен“ метод на ендодонција, со помош на микроскопот успеваме да ги детектираме оние канали кои со голо око се невидливи.

Што опфаќа методот на ендодонција

  • Механичка обработка на тесни, криви и непроодни канали до врвот на коренот, со употреба на флексибилни машински проширувачи
  • Употреба на апекс локатор со кој прецизно се мери должината на коренскиот канал. На тој начин сме сигурни дека каналот е целосно обработен и соодветно наполнет
  • Работа во асептична средина со употреба на кофердам и изолација на забот од усната празнина. На овој начин не дозволуваме да навлезат бактерии од плунката во забот и да ни ја компромитираат работата
  • Употреба на апарат за активирање и загревање на растворите кои се користат за дезинфекција на коренските канали. Со тоа се зголемува нивната ефикасност, не само во главниот канал туку и во споредните латерални каналчиња

Пред и потоа

  • Отстранување на скршени инструменти и колчиња кои се заглавени во каналите

Пред и потоа

  • Репаратура на перфорации
  • Визуелизација на пукнатини и фрактури невидливи со голо око
  • Успешно прелекување на неадекватно третирани заби кои имаат големи процеси во коската над забот, а со тоа и долотрајно зачувување на забот.

Пред и потоа

Наша примарна цел е да ви пружиме најдобро долготрајно решение за вашите заби и целокупно здравје.

Доколку чувствувате болки во забите или имате било каков сомнеж, не одолговлекувајте, контактирајте не и закажете консултација во нашата ординација. Нашиот тим е секогаш тука за вас.

Во нашата понуда ќе најдете и услуги наменети за странски туристи.

                                                                                       Д-р Ана Смилевска

 

 

Share: