Споредба меѓу протетски изработки: коронки, мостови и ламинати

Протетски изработки

Протетски изработкиФиксната протетика е област во стоматологија која се занимава со надополнување на изгубените заби во устата со фиксни односно цементирани протетски изработки.

 

Што се венири (ламинати)?

ЛаминатиВенири се протетски изработки т.е. тенки лушпи кои ја препокриваат забната површина, најчесто од една страна на забот. Се користат најчесто за естетски корекции, воглавно за промена на бојата, формата на забот, односно корекција на линијата на насмевка. Најголема предност е што забот или не бара состружување или тоа е минимално 0.3-0.5 mm.

Овие протетски изработки се изработуваат од специјални материјали од литиум ди силикат, циркониа, фелдспат керамика или пак композитни појачани со порцеланска прашина и честички.

 

Инлеи, онлеи или оверлеи

ИнлеиВо овој вид на протетски изработки можеме да ги споменеме и инлеите, онлеи или оверлеи. Тоа се протетски изработки кои ги надополнуваат изгубените делови од забот кои настанале поради кариес или пак фрактури на забот. Во тој дел поради големината на дефектите не би можеле да се надградат со пломба.

 

Коронки

 

Протетски изработки кои го опфаќаат целиот заб, односно коронарниот дел на забот. Најчесто се користи за заштита на веке лекувани заби, односно заби со истенчени ѕидови кои не подржуваат пломба, или онлеи, оверлеи… Истите може да се користат и за корекција на формата забот односно загризот (оклузијата) со спротивните заби. Палетата на материјали за изработка е голема од метал керамички конструкции, циркониа, фелспад керамика, емакс, титаниум база со керамика, до платинско злато…

 

Мостови

МостовиМостови како опција за надополнување на еден или повеке изгубени заби каде немаме услови за поставување импланти. Оправдано протезирање со мостови е во случаи каде соседните заби кои се планирани за носачи се веќе лекувани или не се во добра состојба. Се изработуваат најчесто од метал керамички конструкции, но со развој на технологијата се изработуваат и од циркониум за поголема естетика.

 

Ве охрабруваме да не контактирате и да закажете бесплатна консултација во нашата ординација. Нашиот тим е секогаш тука за вас.

Нудиме и услуги наменети за странски туристи.

 

Share: