Пародонтална болест

Пародонтална болестЗборот Пародонтална болест значи „болест околу забот“. Пародонталната болест ги напаѓа гингивалните ткива (непцата) и коската кои ги поткрепуваат забите. Четворица од петмина пациенти имаат пародонтална болест и воопшто не се свесни за тоа! Ова може да се случи затоа што болеста е обично безболна во раните фази. Сепак, покрај тоа што е безболна, дури и помалите пародонтални заболувања не треба да се игнорираат.

Фази на пародонтална болест

 

Пародонтална болест

 

Првата фаза на пародонтална болест е Гингивит односно воспаление на гингивата. Ова се случува кога токсичните нуспроизводи создадени од плак бактериите на забите предизвикуваат воспаление на непцата.

Следната фаза е Пародонтитис. Како што продолжуваат да се акумулираат забниот плак и забниот камен, непцата почнуваат да се повлекуваат од забите и подлабоки џебови се формираат помеѓу непцата и забите и на тој начин се исполнуваат со бактерии. Гингивата станува многу иритирана, воспалена и лесно крвари. Исто така мало до умерено губење на коската може да биде присутно во оваа фаза.

Третата и најопасна фаза е Напредниот пародонтитис. За време на оваа фаза, забите губат поголема поддршка бидејќи гингивата (непцата), коската и пародонталните лигаменти продолжуваат да бидат нападнати од болеста. Освен ако не се лекуваат, погодените заби ќе почнат да се луксираат (клатат) и може да се изгубат односно да треба да се екстрахираат. Во оваа фаза може да има генерализирана, умерена до сериозна загуба на коска.

 

Напредната пародонтална болест е причина број еден за губење на забите. Истражувањата исто така сугерираат дека може да има меѓусебна корелација помеѓу пародонтот и другите болести како што се мозочен удар, бактериска пневмонија, дијабетес, кардиоваскуларни болести и зголемен ризик за време на бременоста.

Добра хигиена на устата, урамнотежена исхрана и редовни посети на стоматолог можат да помогнат да се намали ризикот од развој на пародонтална болест. Пушењето го зголемува ризикот од пародонтална болест, па затоа откажувањето од пушење може да помогне и во подобрување на вашето орално здравје.

 

Причини за појава на пародонтална болест

Покрај денталниот плак, за појавување на пародонтопатија индиректно влијаат и други фактори кои може да ги поделиме на локални и општи.

 

Локални фактори

Тие го олеснуваат или забрзуваат создавањето и напластувањето на дентален плак. Тоа се:

  • Забен камен – Во настанувањето на пародонтопатијата има двојна улога: директна и индиректна. Директната улога е тоа што со својата рапава површина претставува ретенционо место за насобирање на дентален плак. Индиректната улога е во тоа што механички ја потиснува гингивата и ја нарушива циркулацијата на крвта.
  • Анатомски аномалии – Неправилностите во обликот и положбата на забите (навалени, збиени заби, отворен загриз и слично).
  • Втиснување храна во гингивата околу забот (импакција на храна) – Собирањето на храна во гингивата настанува во текот на џвакање. Собраната храна претставува добра средина за размножување на бактерии и исто така и механички ја потиснува гингивата.
  • Лоши навики – Џвакањето само од една страна, користење претежно мека храна, дишење на уста, бруксизам и др. Помагаат во напластување на забен плак и со тоа настанува пародонтопатија.
  • Стоматолошки (јатрогени) грешки – Лошо изработени коронки, мостови или пломби исто може да делуваат за настанок на пародонтопатија со тоа што го оневозможуваат самочистењето, предизвикуваат акумулација на плак, механички притисок на гингивата или преку хемиските состојки кои ги содржат.

Општи фактори

  • Крвни заболувања – Крвите заболувања како акутни леукози, агронулоцитозата, хеморагиски синдром се пропратени со тешки промени во потпорните ткива на забите.
  • Дијабетес – Лицата заболени од дијабет имаат помала отпорност кон инфекции, вклучувајки и настанување на пародонтопатија.
  • Останати општи заболувања како што се рак и AIDS, како и лековите кои се користат занивна терапија, негативно влијаат на здравјето на гингивата и пародонтот.
  • Хормонални промени кај жените
  • Пушење
  • Употреба на некои лекови
  • Наследност

Исто така за појава на оваа болест може да влиајат и неправилната исхрана, стареењето, меѓутоа сите се овие фактори кои само индиректно делуваат како причинители. Основен фактор е лошата хигиена на устата и забите и насобирање на дентален плак.

Од сево ова се заклучува дека пародентопатиите настануваат како резултат на дејството на бактериите од денталниот плак во услови на намалена одбрамбеност (имунитет) на организмот.

Заби

Знаци и симптоми на пародонтална болест:

  • Крварење на гингивата – Непцата никогаш не треба да крварат, дури и кога енергично четкате или користите забен конец.
  • Луксирање на забите – Клатење на забите е предизвикано од губуток на коска или ослабени пародонтални влакна (влакна што го поддржуваат забот во коската).
  • Постојано присутен лош здив – Лошиот здив може да биде знак дека имате зголемен процент на штетни бактерии во устата.
  • Супурација (појава на гнојна содржина) околу забите и гингивата – ова дефинитивно сугерира дека постои инфекција.
  • Повлекување на гингивата – експонирање на коренот на забот и нарушување на неговата стабилност.
  • Црвена и подуена гингива – Непцата не смее никогаш да бидаат црвени или отечени.
  • Нежност или непријатност – Високото ниво на плаки, забен камен и бактерии поврзани со пародонтална болест ги иритираат непцата и забите.

Што вклучува третманот на пародонталната болест?

Терапијата е долготрајна затоа што пародонтопатијата е болест која може да се повтори и поради тоа мора да биде под контрола. Единственото трајно решение е превенцијата.

Третманот кој Ви е Вам потребен зависи од сериозноста на болеста, односно од стадиумот на пародонтопатијата. Стоматолозите ја класифицираат пародонтопатијата како блага, умерена или тешка пародонтопатија.

Во почетната фаза, кога ќе настане гингивитис, лечењето е многу едноставно затоа што џебовите се незначително малечки и за нив не е потребен посебен третман. Забниот камен (тврдите наслаги на забите) и денталниот плак се отстрануваат со специјален апарат кој користи ултразвучни вибрации кои го разбиваат забниот камен. После ултразвучниот третман забите се полираат со четкица и гумичка со додавање на специјална паста за полирање, до потполно отстранување на наслагите. Се препорачува плакнење на устата со посебен раствор, а во некои случаи се препорачува и медикаментозна терапија.

Доколку стоматологот евидентира пародонтални џебови, после базичната терапија се пристапува кон елиминација или намалување на истите. Во зависност од локализацијата и другите особини на пародонталните џебови, се превзема нивна обработка (киретажа) или хирушко лечење (резен операција). Интервенцијата е безболна и се прави со локална анестезија.

Видови на интервенција

  • Киретажа на пародонтален џеб. Обработката на пародонталните џебови е тераписки третман со кој се отстрануваат сите патолошки изменети ткива во пародонциумот. Како што во текот на обработката на пародонталниот џеб со соодветна кирета се отстранува дел од патолошки изменетото ткиво на гингивата, така овој третман се вика киретажа на пародонтален џеб.
  • Резен операција При хирушкиот зафат (резен операција) се прави рез на гингивата која се подига и со тоа се постигнува добар пристап до пародонталниот џеб. Со ова се овозможува потполно отстранување на патолошки изменетото ткиво под директна контрола на окото. Во случаи со тешки коскени разорувања и присуство на длабоки инфракоскени џебови, таму кај што тоа е возможно, дефектот се надокнадува со вештачка коска во облик на гранула. По извршениот зафат гингивата се шие, а конците се отстрануваат по 10 дена.

Пародонтална болестДоколку се сомневате на погореспоменатите симптоми, контактирајте нè и закажете консултација во нашата ординација. Нашиот тим е секогаш тука за вас.

Во нашата понуда ќе најдете и услуги наменети за странски туристи.

Д-р Бојан Велкоски

 

Share: